Оглас за пројавување на интерес за презентер за потребите на МЗЗПР за Обука на тема од областа на физички штетности

Почитувани,

Македонското здружение за заштита при работа како Организатор на обуките за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа (Овластување бр. 08-3608/4) објавува

Оглас за пројавување на интерес за презентер за потребите на МЗЗПР за Обука на тема од областа на физички штетности:

  • „Анализа на ниво на бучава и вибрации во работна средина”.

Според наведената тема, од презентерот се очекува да бидат опфатени следните поими:

–              Поим за бучавост и вибрации на работно место; извори

–              Вибрации на рака, вибрации на тело

–              Управување со бучавост и вибрации

–              Карактеристични работни места, начини на превенција и заштита

–              Мерење, анализа и оцена на изложеност на бучава и механички вибрации

Услови за избор на презентер:

–              Предност имаат членовите на МЗЗПР ( индивидуално членство или членство на компанијата каде се вработени)

–              Искуство во наведената област

–              Искуство во презентирање, одржување на обуки ( предност доколку го има)

Рокот за пријавување е најдоцна до 15.01.2016 до 12 часот, на следнава електронска пошта kontakt@mzzpr.org.mk

Контакт телефон 02/2774 868

*Презентерот на обуката ќе се стекне со 20 бода, за активно учество како презентер на обуката во земјата според Правилникот за начинот на бодување на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување.

Posted in Новости, Обуки, Огласи.