Повик за надворешни соработници

Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) објавува

Македонско здружение за заштита при работа за потребите на своето работење објавува повик на заинтересирани субјекти за пројавување на интерес за понатамошна соработка и вклучување во програмските активности на нашата организација преку испорака на услуги од повеќе области.

Заинтересираните страни ќе имаат можност навремено да бидат информирани и да се вклучат во понатамошните програмски активности на нашето здружение преку испорака на следниве услуги:

  • Ангажирање на експерти, менторски услуги, обучувачи , надворешни соработници на проект, изведувачи, консултантски компании, партнери во спроведување на проектни активности и сл.
  • Обезбедување на услуги за организирање на настани, конференции, работилници, обуки, печатење на материјали, промоција на активности, преводи и сл.

Преку поврзувањето на ваква соработка ќе прошири кругот на соработници и ќе се воспостават стратешки партнерства кои воедно носат взаемна корист во остварување на целите правејќи добро и за заедницата.

Со цел да се регистрирате во нашата база на податоци, се повикуваат сите заинтереирани лица да испратат кратка биографија и писмо на интерес на следниов маил: kontakt@mzzpr.org.mk со назнака “ повик за надворешни соработници”.

 

За сите подетапни информации, Ви стоиме на располагање.

 

Со почит,

Македонско здружение за заштита при работа

Visits: 84

Posted in Огласи.