Прв работен состанок „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните организации за подобрување на условите за работа и дијалог со јавните инситуции”

На 15.09.2016 во просториите на Едукативниот центар за БЗР на Македонското здружение за заштита при работа се одржа работен состанок како дел од проектот „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните организации за подобрување на условите за работа и дијалог со јавните инситуции”. Цел на состанокот беше: Идентификување на потреби, недостатоци и проблеми на граѓанските организации и медиумите во вклучување и креирање на политиките во општеството, градење на партнерства помеѓу нив во процесот на донесување на одлуки со цел да се олесни размената на знаење, вештини и врски, како и зголемување и проширување на нивното влијание во кампањи и застапување во стратешки оперативни планови и политики на национално и регионално ниво.

На состанокот беа присутни претставници од граѓански организации, јавни установи и медиуми. Присутните беа запознаени со целта и активностите кои следат во рамките на проектот. Во текот на дијалот кој се потикна меѓу присутните, се издвоија одредени приоритети и проблеми за разрешување, водени од различни перспективи. Истовремено, се покрена иницијатива вакви средби да бидат почести, со цел да се постигне заедничка соработка која ќе помогне во подигнување на јавната свест во унапредување на безбедноста и здравјето при работа.

Hits: 0

Posted in Новости.