Oдржан симпозиум на тема: „ Состојба со безбедност и здравје при работа преку призма на инспекциски надзор-регионална соработка”

Во рамките на Европската недела по БЗР, од 27.10.2016-28.10.2016, во Охрид се одржа симпозиум на тема: „ Состојба со безбедност и здравје при работа преку призма на инспекциски надзор-регионална соработка. Овој настан беше во организација на Државниот инспекторат на труд со подршка на Македонското здружение за заштита при работа и “Здружението за безбедност при работа 28 април. Цел  на симпозиумот беше: Идентификација на потребите, недостатоците и проблемите во современиот пристап на инспекцискиот надзор и воспоставување на регионално партнерство помеѓу канцелариите на Државниот инспекторат за труд во Балканскиот регион. На симпозиумот присустуваа претставници на регионалните канцеларии од Приштина, Подгорица, Тирана, Атина и Сараево, како и претставник од ЕU-OSHA.

Беа презентирани: Правилник за минимални барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложување на физички агенси (вештачко оптичко зрачење) (Службен весник 32/12) и Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложување на канцерогени, мутагени или супстанци токсични за репродуктивниот систем ( Службен весник 170/10). На крајот, беа разменети практични искуства од областа на безбедноста и здравјето при работа.

  

Visits: 83

Posted in Новости.