Пројавување интерес за формирање на клуб за БЗР

Пројавување интерес за формирање на клуб за БЗР

Почитувани,

Македонското здружение за заштита при работа иницира и организира формирање на клубови за безбедност и здравје при работа на територија на Република Македонија.

Целта за формирање нa клубовите e здружување на стручни лица за БР, инженери, претставници на граѓански организации, работодавачи, синдикални претставници, доктори по медицина на труд и други кои работат и делуваат во областа на безбедноста и здравјето при работа во нивниот регион/град, за стекнување и развивање иницијативи, интереси, знаења, вештини и посебни способности за професионална, научна и техничка креативност.

За таа цел објавуваме повик за пројавување интерес за формирање на клуб за БЗР во Вашиот регион/град.

Вашиот интерес, во форма на писмен допис, доставете го на контакт меил: kontakt@mzzpr.org.mk

Сите дополнителни информации можете да ги добиете во просториите на МЗЗПР: ул.Востаничка бр.2 Скопје ;

tel./fax: +389 (0)2 / 2774 868

Hits: 1

Posted in Новости.