Интервјо со Стефка Јанковска Петковска, стручно лице по БЗР, ЈКП Водовод Битола

На одбележување 40 год. постоење на здружението за заштита при работа-Битола разговаравме со Стефка Јанковска Петковска, стручно лице по БЗР, ЈКП Водовод Битола.
ЈКП Водовод Битола е јавно комунално претпријатие чија основна дејност е производство и дистрибуција на чиста вода за пиење на градот и околните села.
Интервјуто проследете го во продолжение:

Како е регулирана безбедноста и здравјето во ЈКП Водовод Битола?

Безбедноста и здравјето при работа во ЈКП Водовод Битола, можам да кажам дека е на солидно ниво, од причина што проценката за ризик за БЗР е комплетно завршена. Соработката со претставниците на вработените оди на високо ниво, што значи при избор на материјал за безбедност и здравје при работа, односно лични заштитни средства за вработените, секогаш е консултиран претставник на вработените. При проценка на изработката на изјавите за безбедност и здравје при работа, секогаш беше присутен претставник на вработените. Во последниот период, во ЈКП Водовод Битола, не е евидентирана никаква повреда, која што би била како резултат на необезбедени безбедносни мерки за заштита при работа. Повредите кои што се многу ретки, незагрозителни за здравјето и животот на вработените, се поради мало невнимание од страна на вработените.

Колку често се одржуваат обуки за вработените и за стручните лица?

Обука за вработените се организираат најпрво при секое вработување, заклучно законот за БЗР. Потоа, на секои шест месеци правиме потсетувања, зависно од степенот на ризик на работно место. Оние што се на поризични работни места, обуките се почесто повторувани, отколку оние што работат во административниот дел.
Јас сум единствено стручно лице по безбедност при работа БЗР во оваа компанија. Ја почитувам својата професија и максимално сум посветена на неа. Секоја можност ја користам да посетам некоја обука, да споделам искуства со други организации и компании од Македонија, така и други држави. Со самото тоа што активно сум член на Здружението за заштита при работа, се потврдува фактот колкав е мојот интерес во оваа област.

Visits: 97

Posted in Новости, Прес / Медиа.