ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ЗА БЗР 24-28 ОКТОМВРИ 2016

Одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа се одржува секоја година од 24-28 октомрви и е проследена со стотици настани за подигнување на свеста за безбедни и здрави работни места во текот на целиот работен век во рамките на ЕУ но и пошироко.

Во организација на EU-OSHA, темата на кампањата на Европската Неделa за 2016 и 2017 година е здрави работни места за сите возрасти, чија цел е подигање на свеста за важноста и значењето на одржливиот работен век.

Податоците од Европската агенција за безбедност и здравје при работа укажуваат на фактот дека 27% од европските работници нема да бидат во можност да ја работат истата работа и на 60 години. Затоа превенцијата на несреќите и професионалните болестите на работа се темелат на кампањата здрави работни места за сите возрасти.

Македонското здружение за заштита при работа, како единствен Колаборативен центар на Меѓународната организација на трудот и Focal Point на Eвропската агенција за безбедност и здравје при работа и оваа година ја одбележува Европската недела за БЗР. Во склоп на одбележувањето на Европска недела за БЗР, на 25.10.2016 и 26.10.2016 год. беа организирани два промотивни настани во компаниите Окитекс Скопје и Технички Гасови. Стотина работници, претставници на менаџментот, како и претставници на синдикатот имаа можност подеднакво да разменат најдобра пракса и да генерираат идеи за заедничко остварување на целта на оваа на кампања

„Безбедноста и здравјето при работа започнува од Вас. Ако едноставно не го искажете делот кој што се однесува на несоодветни работни услови кои Вие директно ги чувстувате, тогаш никој ништо не може да превземе против тоа. Не би сакал да се најдеме во ситуација, каде само броиме несреќни случаи, јас сакам да броиме успешни приказни”- истакна пред присутните Милан Петковскипретседател на МЗЗПР и  EU OSHA Focal Point Manager за Македонија.

Презентација на тема „Стресот на работното место и неговите влијаение врз работниците” имаше др. Драган Мијакоски од Институт по медицина на труд во рамките на двете посети на компаниите Технички Гасови и Окитекс, по што следеше дискусија на темата.

Одбележувањето на двата промотивни настани во компаниите е во рамките на проектот ,,Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно Човеково Право”. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија а се спроведива од страна на Македонско здружение за заштита при работа во партнерска соработка со Сојузот на синдикатите на Македонија.

Во рамките на одбележувањето на Европската недела за БЗР беше одржана и обука на 26.10.2016 год., во едукативниот центар за БЗР на тема: „Улогата на синдикатот и претставникот на вработените за БЗР согласно Законот за безбедност и здравје при работа”. Обуката беше наменета и посетена од синдикалните претставници, претседатели на синдикални организации и преставници на вработени за безбедност и здравје при работа.

Македонското здружение за заштита при работа од 26.10.2016 до 28.10.2016 год. го поддржа Државниот инспекторат за труд во реализација на симпозиум, кој се одржа во Охрид на тема: „Состојба со безбедност и здравје при работа преку призма на инспекциски надзор – регионална соработка”. На симпозиумот присуствуваа директорите на регионалните канцеларии од Белград, Загреб, Приштина, Подгорица, Тирана, Атина и Сараево, како и претставници од EU-OSHA.

56990AB4D7A44EAF03BB31C819080D1A0217B7372A86860965pimgpsh fullsize distr 

Visits: 91

Posted in Новости.