Втората Mеѓународна конференција за БЗР – Обзор, Бугарија, од 11-14 мај 2017 година.

Фондацијата „Центар за безбедност и здравје при работа” Ве поканува на Втората Mеѓународна конференција за БЗР која ќе се одржи во Обзор, Бугарија, од 11-14 мај 2017 година.

„Инвестирајте во безбедноста!” е мотото под кое ќе се одржи конференцијата.

Денес, инвестирањето во  БЗР ни помага во обезбедување на безбедна и здрава иднина, додека  подобрувањето на работните услови гарантира непречено извршување на задачите и подобрување на конкурентноста. Вработените на една организација се нејзините најважни и највредни ресурси – и најсоодветниот начин за нивно зачувување е да се инвестира во условите за работа што се нудат.

Главни теми на конференцијата ќе бидат:

  • Светски примери за инвестиции кои помагаат за подобрување на квалитетот на безбедни и здрави услови за работа;
  • Добри практики од Бугарските претпријатија кои успешно имаат инвестирано во безбедноста и здравјето на вработените;
  • Спроведени успешни кампањи на Меѓународните организации за инвестирање во безбедноста;
  • Инвестиции во областа на безбедноста, како метод за мотивација и посветеност на вработените;
  • Ангажирање со проекти за унапредување и подобрување на работните услови на претпријатијата;
  • Инвестиции во квалитет – избор на најсоодветни производи;
  • Промени во Бугарската законодавната рамка во врска со Регулативата RД-07-2 за условите и начинот на вршење на периодични обуки и инструкциите на работниците и вработените во согласност со правилата за обезбедување на безбедни и здрави услови за работа.

Сите подетални информации на  следниот линк:

http://conference-bg.org/

Hits: 15

Posted in Новости.