„Подготовка за полагање на стручен испит по БЗР”. 16. 01. 2017

16.01.2017

Со цел да им се овозможи соодветна стручна подготовка на лицата кои се имаат пријавено за полагање на стручен испит по безбедноста и здравјето при работа, Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ја реализира еднодневната обука на тема: „Подготовка за полагање на стручен испит по БЗР”.

Со свои презентации на обуката учествуваа:  Снежана Јанкова Петковска, дипломиран инжинер по ЗПР и стручно лице по БР- која што имаше предавање за проценка на ризик и управување со ризик, со демонстирање на практични примери од оваа област;  др. Искра Кочева, доктор по медицина на труд кој ги опфати законските одредби кои го покриваат здравствениот аспект од областа на БЗР и м-р Марија Гроздановска, асс.по правни предмети од областа на БЗР која што говореше за законската регулатива на БЗР во РМ.

Кандидатите беа запознаени со материјалот за полагање, одговори на дел од прашањата за кои што немаа доволно сознанија, а добија и насоки за литература која можат да ја користат за подготовка на испитот.

Posted in Обуки.