Со појавата на првите облици на работа се појавила и потребата од преземање на мерки и активности за обезбедување на безбедност на работниците и оние кои учествувале во процесот на работа. Денес во секоја земја во светот постои потреба од подобрување на условите за БЗР. Во таа насока треба да се преземат мерки за спречување на опасностите при работа, подобрување на здравјето и промовирање на култура ориентирана кон БЗР. Основна цел на БЗР е во склад со законот и другите прописи од оваа област, да се постигне највисоко ниво на здравствена и психо – физичка заштита. За остварување на оваа цел неопходен е систематски пристап во превентивно делување и поврзување на сите субјекти кои се носители на одредени обврски и активности на национално ниво, но и пошироко со меѓународните институции од оваа област.

СТРАТЕГИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ АКТИВНО УЧЕСТВО НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ 2015-2019

Posted in Публикации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *