ХРОНОЛОГИЈА НА АКТИВНОСТИТЕ ВО ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА НА ОПШТИНИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

По сила на аргументите кои подолу ќе бидат елаборирани, а во насока на идно позитивно дејствување во унапредувањето на заштитата при работа во производствените техничко-технолошки процеси во градот Скопје во далечната 1964 година формирано е здружението за заштита при работа на општините на град Скопје, како следбеник на советите за заштита при работа на општините во градот.

Со решение на Управата за управни работи на Собранието на Скопје, Здружението се запишува во Регистарот на здруженија на граѓани со седиште на ул. Битпазарска 125.

1. Активностите на Здружението почнуваат од моментот на одржаното прво собрание на истото на 5 Јуни 1964 година (кој датум го симболизира светскиот ден на екологијата), кога се избрани органите и работните тела на здужението, со назначување на претседател со мандат од 4 години.

Првото Председателство го сочинуваа членовите на иницијативниот одбор, во чиј состав беа инволвирани по еден делегат од сите општински совети за заштита при работа од Собранијата на општините на град Скопје.

Составот на здружението го сочинуваа: 180 индивидуални и 78 колективни членови (поголемите претпријатија во градот).

Финансирањето на Здружението: по основ на членарина од индивидуалните и колективните членови, донатори и спонзори.

Постојан донатор: фондот за здраствено и пензиско осигурување а редовен спонзор ЗОИЛ Македонија – Скопје.

На здружението му беа определени на користење и државни финансиски средства од Републичкиот буџет, преку Советот на сојузот на синдикатите и Стопанската комора на Република Македонија.

2. Формите на функционирањето на работните активности на Здружението беа изразени преку: совети, средби со референтите за заштита при работа и стручни предавања во работните средини на стопанските организации во градот. Понатаму организирање на трибини, тркалезни маси, советувања и семинари во градот и Републиката.

Посебно нагласена соработка со институции од областа на заштитата при работа надвор од Републиката, Ниш, Белград, Вршац, Нови Сад, Загреб и други градови во тогашната Југословенска заедница, а со цел размена на искуства.

Оваа соработка се одвиваше во период од 3 години, а истата на проширување продолжи со формирањето на Сојузот на здруженија за заштита при работа на Република Македонија 1970 година. Сојузот го сочинуваа 12 општински здруженија за заштита при работа со доминација на Здружението за заштита при работа на општините на град Скопје и Здружението за заштита при работа Битола со функција од 16.12.1976 година, а кулминира со оснивањето на Југословенскиот сојуз за унапредување на заштитата при работа 1983 година, кој ги поврза сите републички и покраински центри за заштита при работа во тогашната СФРЈ.

Формирањето на Југословенскиот сојуз, поттикна токму ос Скопје, односно Р. Македонија.

Основното собрание е одржано во Белгград на 17 Март 1983 година (Немањина – 6) со воведен реферат на делегатите од Македонија Ристо Џунов, општестеник и политичар и тогашен сојузен министер за труд и социјална политика.

Југословенскиот сојуз со решение уп. Бр. 30-3890-1/83 од 10.05.1983 година на Секретаријатот за внатрешни работи при Собранието на град Скопје под тековен бр. 9/13 се запишува во регистарот на здружнијата и граѓаните со седиште во Скопје, Битпазарска – 125.

Во неговиот состав влегуваат над 4900 делегати од целиот простор на Југословенската заедница.

Првото Југословенско советување за заштита при работа се одржува на 9 и 10 Октомври 1986 година во Охрид, кога 4 април е прогласен за ден на Југословенската заштита, кој ден претходно беше и ден симбол на Здружението за заштита при работа на општините на град Скопје и здружението за заштита при работа на Битола, свечено одбележуван преку натпревари од оваа област, изложби и други манифестации на кои се доделуваа награди, пофалници и признанија.

За месец на заштитата при работа во градот Скопје, со програмата за работа на здружението за заштита при работе на град Скопје беше утврден месецот октомври во кој се спроведуваа најзначајните активности од областа на заштитата при работа, но заради унификацијата со Сојузот на здруженијата за заштита при работа на Р. Македонија и Југословенскиот сојуз за унапредување на заштитата при работа беше прифатен ноември како месец на заштитата при работа во СФРЈ.

3. Со неколку реченици го задржуваме вниманието на тоа што го посочивме на самото начело, елаборирање на “по сила на аргументите” беше формирано здружението за заштита при работа во градот Скопје, прво здружение во нашата Република.

Имено тогашната фактичка состојба во оваа значителна област која работи во службата на човекот како граѓанин и создвач на материјалните вредности во сопствената работна средина се најде во дисфункција на рамнотежата помеѓу факторите што ја претставуваат конфорноста на средината, средствата за работа и природно-географските елементи на микролокалитетот.

Како реперкусија на погоре констатираното, посочуваме примери за илустрација.

Во 1964 година, во скопското стопанство се регистрирани 2411 повреди (несреќи) на работа кои условиле да се изгубат 45667 работни денови. На тогашните 50000 работници се случиле тешки телесни повреди со смртен исход на работното место дури 67 случаи.

Посебно нагласен “хендикепт” претставуваше фактот квалификационата структура на лицата кои работат на рефератот-заштита при работа.

Врз основа на истражувањата кои биле извршени од страна на здружението во градот со корелација со Сојузот по 1970 година е добиен следниот аналитичен приказ:

  • во 607 поголеми претпријатија во Скопје и Републиката само во 36 беше организирана служба за заштита при работа.
  • во 419 претпријатија заштитата беше доверена само на едно лице – референтот.
  • Во 152 работни организации воопшто немаше организира заштита.

Од вкупниот број на ангажирани извршители 570, кои професионално ја спроведуваа заштитата во тие работни средини, 77 лица со завшено средно техничко училиште, 95 од нив со завршена гимназија, 35 со економско училиште, 52 с други средни училишта и 3 квалификувани работници.

Овој катастрофален биланс просто го принуди здружението и сојузот за заштита при работа да покренат постапка пред законодавците да го донесат 1987 година законот за заштита при работа во Р. Македонија, кој меѓу другите одредби содржеше организирање на Служби за заштита при работа над 1000 вработени, а со нив да раководат инженери за заштита при работа.

Врз таа основа, тогаш во стопанските капацитети беа примени 73 инженери за заштита при работа со завршена виша школа за организација на работа – отсек заштита при работа во Белград како и неколкуте инженери за заштита при работа од Нишкиот универзитет.

Со ваквото дејание, општата состојба во областа на заштитата при работа рапидно се менува во нагорна линија. Веќе учеството на инженерите завзема 14,4 % во вкупниот број на активирани професионално стручни заштитари.

Следбено на овој нов момент, веќе во 1992 година, несреќите при работа се намалени за 53% а смртните случаи дури за 57%..

Меѓутоа и покрај вработувањето на овие стручни кадри на скопската и воопштено на македонското стопанство му беа потребни некаде уште околу 400 дополнителни инженери за заштита при работа.

Токму со цел да се задоволат регистрираните потреби од овој вид на високо стручни кадри за заштита при работа во Скопје и Битола, а со одлука на Сојузот на здруженијата за заштита при работа на Републиката и неговите понатамошни заложби со постапка за воведување на интердисциплинарни студии за заштита при работа во академската 1987/88 година на Скопскиот универзитет, бидејќи дотогаш во Македонија не постоеја студии за оваа специфична дејност.

4. Во насока на движењето на активностите произлезени од платформата за работа на Здружението преку широкиот спектар на пласираните годишни проекции за изминатиот период од 2,5 децении имаме следна состојба:

  • одржани 246 состаноци на претседателството со обработени преку 375 прашања од областа на заштитата при работа.
  • 25 годишни собранија на здружението.
  • 18 работни состаноци со референтите за заштита при работа од скопските стопанства.
  • oрганизирани 14 републички советувања во соседството со сојузот за заштита на Републиката, а самостојно 3 општински советувања и 6 регионални во соработка од заинтересираните здруженија од Битола, Радовиш, Кочани, Струмица и Гостивар.
  • Присуство на советувања надвор од Републиката, организирани од Југословенскиот сојуз за заштита при работа и тоа: Белград, Загреб, Ниш, Сараево, Врњачка бања, Вршац, Нови Сад, Херцег Нови, Дубровник, Цавтат, Неум итн.
  • одржани јубилејни собири на секој 5 години со добиени 66 признанија и 38 пофалници за здружението заради постигнатите резултати во унапредувањето на заштитата при работа како двигател на хуманицијата на трудот.

Со максимална заложба на работите на здружението на подрачјето на град Скопје се воведени:

  • годишна евиденција за несреќите при работа.
  • Книга на евидентирани претпријатија во здружението.
  • Евидентни листи за годишните извештаи.
  • Анализа на несреќите при работа на подрачјето на градот и други пишани документи.

5. Во 1986 година здружението за заштите при работа на општините на град Скопје, се вклучува во Југословенската акција во служба на заштитата – во служба на човекот, која традиционално се спроведуваше секоја календарска година, а која е прифатена од 1800 најистакнати претпријатија на сега бившите Југословенски простори со учество на 1,5 милиони членови од сите републики и двете покраини на Федерацијата.

Посебни стручни средби делегации од 7-40 учесници

Здружението на град Скопје има обавено во Републиката и тоа: РЕК Битола 1988 година на која како прва посета во својство на гости на здружението од Битола присутвуваа претставници од здружението за заштита при работа – Вршац.

Мај 1990 година – посета на здружението од Куманово со обиколка на фабриката `11 Октомври`, заштитната фабрика `Полет`и манастирот Прохор Пчински.

Мај 1993 година посета и средба на здружението – Кочани со увид на производните капацитети на фабриката за целулоза и хартија “Руен”.

Надвор од Републиката, 1982 година средби со:

  • Институт за заштита на работа – Ниш, каде беше посетена Електоиндустријата ЕИ-Ниш и издавачката куќа на Институтот од каде беа добиени поголем број на примероци на книги (стручна литература) од областа на заштитата при работа.
  • Институт за заштита при работа Краков (Полска) во 1984 година. Посета на фабрика за автоделови од Краков со организирани предавања од ЗПР.
  • Здружени за заштита при работа -Вршац, септември 1988 година со посета на фабриката `Хемофарм`. На оваа средба во посета беа 17 членови од здружението од Битола кога и каде беа разменети монографии од Битола и Вршац. Две години подоцна се обави стручна посета на Покраинскиот сојуз на здруженија за заштита при работа Војводина, а истовремено и на здружението од Нови Сад. Посетата беше во Јуни 1991 година со обилка на лабораторијата и кабинетот на Институтот за заштита во Нови Сад кој врши испитувања и ја следи состојбата од областа на ЗПР на подрачјето на Војводина и пошироко.
  • Еко – форум за Балканот, одржан во Софија, Бугарија, 1995 година и последно учество пред распадот на Југославија, хх11 меѓународно советување, поточно конференција Херцег Нови, јули 1998 година на тема “Универзализација на човековите права и право на здрава работна средина”. На оваа меѓународна конференција нашата Република настапи само со еден делегат Перо Георгиевски.

Тој истовремено е единствениот носител на највисокото Југословенско признание медал- златно сонце за постигнати резултати во областа на заштитата на работа и животната средина.

6. Досегашни претседатели на здружението:

  • Владе Трповски
  • Здравко Зајков
  • Емил Калајџиски
  • Стево Стефковски
  • Стојан Димовски
  • Перо Георгиевски
  • Борче Стојчевски
  • Милан Петковски ( сегашен претседател на Македонското здружение)

Од тие двајца беа и претседатели на Сојузот на здруженијата за заштита при работа на Република Македонија и тоа: Владе Трповски и Перо Георгиевски.

7. Учесници со свои стручни предавања на советувања, семинари, трибини и други форми надејствување организирани од страна на здружението:

  • Проф. Др. Теофило Поповиќ, декан на факултетот за заштита при работа – Ниш

Професори од истиот факултет:

  • Др Душан Ѓуриќ
  • Др Милораф Загорски
  • Др Мирољуб Петровиќ
  • Др Живко Стоиљковиќ, Институт за заштита на работа – Ниш
  • Др Велимир Недељковиќ, Институт за заштита на работа – Ниш
  • Проф Др Јордан Јовев, неуропсихијатар
  • Проф Др Ангеле Врценковски, технолог – рударски инженер
  • Др Димко Миленков, диплпмиран правник
  • Др Костадин Грековски, специјалист доктор по медицина на труд и др, кој на одреден начин биле надворешно стручни консултанти на здружението.

8. Институции кои дале посебен придонес за здружението.

  • Институт за заштита на работа Ниш, Сараево и Нови Сад.
  • Ниро “Заштита рада” – Белград
  • Факултет за заштита на работа – Ниш.
  • ПИОМ – Скопје
  • ЗОИЛ Македонија
  • ФАС “11 Октомври”
  • МЗ Тито – Скопје
  • РЖ Скопје – Скопје
  • “Охис” – Скопје
  • “Југосуровина”
  • “Агрохемизација”
  • АТШ “Пролетер”
  • “Трготекстил” – Скопје и др.

9. Поединци:

  • Ѓорге Миљковиќ, институт ЗПР – Ниш
  • Марија Ивков, институт ЗПР Нови Сад
  • Корнелија Лука, главен покраински инспектор за труд на Војводина – Вршац
  • Бошко Комнетковиќ, Даворка Недедељковиќ и Љубо Пробојчевиќ Ниро заштита рада – Белград
  • Ристо Џунов
  • Проф Др Милков, спец. Медицина на трудот
  • Проф Др Диме Петровски, спец. Интернист
  • Др Којче Цветковски, спец. Медицина на трудот
  • Прим Др Леонора Станковска, спец. Медицина на трудот
  • Јордан Димовски, дипломиран економист
  • Проф Др Љупчо Трупче, еколог
  • Проф Др Љупчо Неловски, еколог и др. Што заслужуваат да се најдат на списокот на заслужените поеднинци.

10. Новинари:

  • Ванчо Механџиски, Нова Македонија
  • Марија Иванова, Вечер
Posted in Почетна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *