Работникот од Кичево загина во бизарна несреќа

Во 12.30 часот во населба Рача во Охрид се случила трагедија кога 42-годишниот С.Р.  од селото Стрелци, кичевско, при работа паднал од бандера и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицински центар Охрид, каде за жал подлегнал на повредите.

Полицијата денеска информира дека С.Р. во критичниот момент бил качен на бандера висока осум метри за да  отстрани жици. Бандерата се скршила во долниот дел по што Р.С. и бандерата паднале на земја. Увид на местото на настанот  извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.

Извор: http://reporter.mk/makedonija/

Posted in Несреќи при работа.