Се отру работник во фабрика за јаглерод диоксид

Во фабрика за производство на јаглерод диоксид во село Меџитлија вчера на подот во внатрешноста на фабриката пронајден бил починат Б.Р. (47) од Битола, вработен како оператор во фабриката.

Откако го забележал, друг вработен го извлекол Б.Р. надвор од халата и се обидел да го реанимира со масажа на срцето и со боца со кислород.

Веднаш потоа повикал Итна медицинска помош од чија страна е констатирана смрт без видливи траги на насилство. Телото на починатиот е префрлено во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола. За настанот е запознаен трудов инспектор.

извор: https://kajgana.com/se-otru-rabotnik-vo-fabrika-za-jaglerod-dioksid

Posted in Несреќи при работа.