Повреден пожарникар

Повеќемина ги нападнале пожарникарите при интервеција, еден повреден

Пожарникар од скопската бригада за противпожарна заштита при интервенција вчера бил повреден.

Вчера во 16.15 часот телефонски во ЕИК Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита(БППЗ), било пријавено дека на ул. „Павел Шатев“ , при интервенција за гасење на пожар, физички биле нападнати од повеќе лица, при што М.С. (46) од Скопје-припадник на единицата за БППЗ се здобил со телесни повреди.

Медицинска помош му била укажана во  Ургентен центар Скопје, по што е пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.

Извор: http://www.mkd.mk/crna-hronika/povekjemina-gi-napadnale-pozharnikarite-pri-intervecija-eden-povreden

Posted in Несреќи при работа.