Повреден полицаец

Во брканица по возило што не сопрело за контрола повреден полицаец

Вчера околу 4.50 часот во Битола на ул. „8-ми Септември” полициски службеници од битолската полиција дале наредба за запирање на автомобил даеву експеро, но лицето кое го управувал автомобилот не застанал, односно ја зголемил брзината и се дал во бегство на магистралниот пат Битола – Прилеп.

Од страна на полициски службеници од прилепската полиција била поставена блокада со службени возила кај раскрсницата со с.Ново Лагово но автомобилот даеву ја пробило блокадата  и влегол во Прилеп, ја поминало пругата, влегол во нива и застанал.

Од возилото излегле три непознати машки лица кои почнале да бегаат. Еден полициски службеник фатил едно од лицата, а при обид да го приведе бил нападнат со остар тврд предмет во пределот на рацете од друго лице, кое потоа го фатило со двете раце за вратот и почнало да го дави. Ова го искористило првото лице, кое успеало да се оттргне и да побегне. По ова полицискиот службеник го фатил напаѓачот но истиот успеал да побегне. При нападот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани и санирани во Општа болница Прилеп. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото и преглед на возилото извршила екипа од прилепската полиција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот, велат од полицијата.

Извор: http://www.mkd.mk/crna-hronika/vo-brkanica-po-vozilo-shto-ne-soprelo-za-kontrola-povreden-policaec

Posted in Несреќи при работа.