НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА 02.МАРТ.2017

Целта на националната конференција беше подигнување на свеста за придобивките од  бипартитниот дијалог во компаниите и улогата и профилот на претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа и да се отвори дискусија за мислењата и ставовите на сите засегнати страни за тоа како социјалните партнери, граѓанскиот сектор и државните институции преку своите активности ќе се залагаат за унапредување на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа.

На конференцијата говореа:

Милан Петковски, Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), Д-р Живко Митревски, Сојуз на Синдикатите на Македонија (ССМ), Ангел Димитров, Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ), Ленче Коцевска, Министерство за труд и социјална политика (МТСП), Проф д-р Елисавета Јасна Стикова, Медицински факултет – Скопје, Институт за јавно здравје (ИЈЗ), Аљајдин Хавзиу, Државен инспекторат за труд (ДИТ), Ана Шијаковиќ, Европско здружение на инженерите за безбедност, Цветан Ковач, Хравтска пошта Загреб, претставници од компаниите РЕК Битола и Рудник Бучим и Весна Ристовска, Македонско здружение за заштита при работа.

Свое учество на конференцијата имаа и 80 претставници од синдикатите, работодавачите, државните институции, стручните лица по БР, претставници од образовните институции и др.

Формирање на БЗР одбори и воспоставување на механизми кои функционираат во регионот со цел да се развие и унапреди дијалогот во земјата, постоење на консултативни тела во компаниите и субвенционирање на мерки од областа на БЗР во рамки на компаниите како и подигнување на нивото на значењето на претставникот на вработените и воспоставување и заживување на системот за евиденција на повреди, професионални заболувања и несреќи при работа се дел од препораките кои произлегоа од конференцијата.

Македонско здружение за заштита при работа

Проект ,,Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно Човеково Право”

Posted in Новости.