Работник тешко се повредил паѓајќи од скеле од 2 метри височина

Скопје, 9 март, 2017 – 13:44 (META)
58 годиѓен работник во фирма за монтажа на челични конструкции вчера во скопската населба Пинтија добил тешки телесни повреди откако паднал од скеле од височина од 1,5 до 2 метри, соопшти СВР Скопје.

Несреќата се случила вчера претпладне, а пред падот 58-годишниот Т.А. поставувал скеле. Бил пренесен во Ургентен центар, каде е задржан на понатамошно лекување.

http://meta.mk/rabotnik-teshko-se-povredil-pagajki-od-skele-od-2-metri-visochina/

Posted in Несреќи при работа.