Повреден работник во Битола

13.03.2017

Вчера околу 13.00 часот на улица „Новачки пат“ во Битола, во дворно место од објект во изградба, сопственост на Н.А. од Битола, В.С. (26) од Битола паднал од скала додека се обидувал да се качи на ѕид,  со цел да врши надзор над работата на останатите работници,  при што се лизнал и паднал на бетонска подлога. Истиот бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна  екипа од СВР Битола.

Posted in Несреќи при работа.