Еден загинат во тракторска несреќа во Дебарско

Еден загинат во тракторска несреќа во Дебарско

 Починатиот К.Ф. (50) од село Долгаш, Дебарско, бил однесен во Медицинскиот центар Струга, откако паднал од трактор и бил прегазен. Случајот бил пријавен во полицијата во Струга вчера во 15.10 часот.

Лицето, како сопатник, се превезувало во трактор кој го управувал О.А. (33) од истото село. Во еден момент, К.Ф. паднал од тракторот и бил прегазен.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата во Дебар.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail

Posted in Несреќи при работа.