Кумановец се превртел со трактор, починал на лице место

Страшна сообраќајна несреќа се случи викендов во Македонија. 45-годишниот А.Д. го загубил животот откако се превртел од трактор, во кумановското село Алашевце.Од полицијата денес информираат дека А.Д. од кумановско Оризари управувајќи трактор се превртел со истиот и починал на лице место.Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на семејството за погреб.

http://www.press24.mk/tragedija-vo-makedonija-se-prevrtel-so-traktor-i-pochinal-na-lice-mesto

Posted in Несреќи при работа.