Свечена академија на КСС

На 22.03.2017 год. претседателот на Македонското здружение за заштита при работа, г-дин Милан Петковски, присуствуваше на свечена академија на КСС по повод приемот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија како полноправен член на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) и Европската конфедерација на синдикати (ETUC), како една од активностите во рамки на Проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој е финансиран од Европската унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Приемот на КСС во Светската конфередација на синдикати има големо значење од повеќе аспекти. Со нејзиното членство добива во зголемување на нејзината реална моќ и позиција пред се во сопствената земја, во рамки на законите што ги регулираат синдикалните позиции, а уште повеќе е јасен сигнал и порака до работниците во нашата држава.

Најпрво, г-дин Ралковски, претседател на КСС, ја истакна важноста на вклучувањето на КСС како полноправен член на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) и Европската конфедерација на синдикати (ETUC), а потоа ги сподели најважните активности и постигнати резултати во текот на целиот изминат период.

“Подобрен е трипартитниот и бипартитниот дијалог, преку зајакнување на капацитетите на социјалните партнери, со реализирање на голем број обуки во насока на подобрување на колективно договарање, зајакнато учество во процесот на креирање на политики, како и зајакнување на капацитетите на членовите на економско-социјалниот совет и неговите работни тела. Социјалниот дијалог е најважната алка за развој и унапредување, како на работничките права, така и на обврските и на правата на работодавачите. Токму затоа, ќе се фокусираме на нашите идни цели”- изјави Министерот за труд и социјална политика, г-дин Ибрахим Ибрахими.

На свечената академија обраќање имаше и г-динот Дојчин Цветановски, основач на КСС, кој се осврна на синдикалниот амбиент во Македонија пред една деценија, кога се соочиле со предизвикот да формираат нова синдикална организација.

Подготвил: Aндријана Зафировска

Visits: 67

Posted in Новости.