,,Унапредување на социјалниот дијалог” предлог протокол за социјален напредок

На 27.03.2017 година во рамки на проектот ,,Унапредување на социјалниот дијалог”, Сојузот на синдикати на Македонија, презентираше предлог протокол за социјален напредок. Овој стратешки документ за унапредување на позицијата на работниците во рамки на општетството е изработен според основните уставни начела за економските слободи и социјални права, Законот за работни односи на Македонија, определбата на  Република Македонија како социјална држава, концептот за социјални права дефиниран во Европската социјлна повелба и темелните конвенции на МОТ. Основни цели кои произлегуваат од протоколот како што истакна Митрески, претседател на ССМ се: генерално подобрување на социјалната и материјалната состојба и условите за работа во РМ, потикнување на процесот на колективно договарање, обезбедување на дополнителни анализи, можности за пензискиот систем во Република Македонија, обезбедување на видување за формирање на генерална стратегија на плати, а со тоа овозможување на процес за надминување на сиромаштијата. Ослободување од персонален данок на: работодавачите кои инвестираат во знаењето и вештините на вработените; сите активности кои го зајакнуваат бипартизмот на ниво на компанија; сите активности кои се насочени кон ресоцијализација на сите повредени вработени, како и на семеjствата на оние кои загинале на работното место. Исто така, со измените кои што се нудат преку протоколот е да се подигне сигурноста на работните места во Република Македонија.

На промоцијата на предлог протоколот, беа презентирани и заложбите на ССМ за наредниот период- обезбедување на поголема сигурност на пензискиот систем, солвентност, транспарентност, обезбедување на пензиско осигурување по повеќе основи со што ќе се намали ризикот и ќе се обезбеди повеќекратна заштита за работниците.

Социјалните партнери кои заеднички треба да го реализираат протоколот ја имаат изразено својата подготвеност за посветена работа на осварување на целите и содржината. Тие заеднички ќе ја договорат динамиката за спроведување, како и позициите за отчетност пред јавноста.

  

Hits: 24

Posted in Новости.