Затруени 220 вработени во фабриката Леар

Околу 220 вработени во фабриката „Леар”, која се наоѓа во технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, ноќеска биле затруени, најверојатно со храна,

 Двеста и дваесет работници од фабриката Леар изминатата ноќ биле примени во болниците во Тетово и Гостивар откако се затруле најверојатно од храна.

Според првичните информации од полицијата, случајот бил пријавен од медицинскиот персонал во тетовската Клиничка болница околу 4. 40 часот.

Претходно околу 1 часот била поделена вечерата на работниците што биле трета смена на работа во Леар. По околу два часа од вкупно 264 работници колку што биле на работа, кај 220 од нив се појавиле првите симптоми на труење од храна – повраќање, болки во стомакот, вртоглавица и слично. Најголем дел од работниците биле примени во тетовската Клиничка болница, а 23 работници  кои биле по потекло од Гостиварско биле префрлени за лекување во гостиварската болница.

Според досегашните податоци, дел од работниците по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување.

Екипи на полицијата извршиле увид во фабриката при што зеле примероци од храната и други траги за вештачење и работат на целосно расчистување на случајот, јави МИА.

http://www.mkd.mk/makedonija/zatrueni-220-vraboteni-vo-fabrikata-lear

Visits: 92

Posted in Несреќи при работа.