Завршна конференција на проектот „ Унапредување на социјалниот дијалог во РМ”

Завршна конференција на проектот „ Унапредување на социјалниот дијалог во РМ”

Во организација на Канцеларијата на Европската Унија (ЕУ) во Скопје на 31.03.2017 година се одржа завршната конференција на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој минатите две и пол години се спроведува од Меѓународната организација за труд, финансиран од страна на ЕУ.
На конференцијата учествуваа претставници на партнерските институции и организации кои беа вклучени во реализацијата на Проектот, меѓу кои од Министерството за труд и социјална политика, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Конфередерација на слободни синдикати на Македонија (ККС), Унијатата на независни и автономни синдикати и Бизнис конфедерацијата на Македонија. Исто така, Македонското здружение за заштита при работа го проследи овој настан.
Трите важни компоненти на овој проект се: да се зајакне социјалниот дијалог на национално и на локално ниво, воспоставување на инфраструктура и поттикнување на колективното договарање, како и воспоставување на ефективни механизми за мирно решавање на работните спорови. Во рамки на проектот беше изработен глобален акциски план за делување во кој што беа зајакнати капацитетите на сите вклучени во овој процес, изработени низа прирачници и водичи за подобра имплементација итн. Претставниците на партнерските институции и организации истакнаа дека процесот на имплементација воопшто не бил лесен, но оптимистички гледаат на овие алатки кои ќе овозможат напредок на социјалниот дијалог и по завршување на проектот.

Posted in Новости.