Еднодневен семинар: ПРИСТАП ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД ХЕМИСКИ СУПСТАНЦИИ

Еднодневен семинар:

ПРИСТАП ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД  ХЕМИСКИ СУПСТАНЦИИ

(Намалување на ризици од влијанието на хемиски супстанции во работната средина)

19 април 2017 година

10:00 – 15:30 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5 кат

Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедноста и здравјето при работа, притоа следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија на 19 април 2017 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: ПРИСТАП ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД  ХЕМИСКИ СУПСТАНЦИИ  (Намалување на ризици од влијанието на хемиски супстанции во работната средина).

Целта на оваа обука е да се дефинираат основните концепти на безбедноста и здравјето при работа поврзани со влијанието на хемиските супстанци кои се присутни во работната средина. Минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработените од ризици поврзани со изложување на хемиски супстанци, проценка на ризик при професионална изложеност, гранични вредности на професионална изложеност, превентивни мерки, следење на здравствената состојба на вработените, насоки во избор на  соодветна лична заштитна опрема – ова се само дел од точките кои ќе бидат презентирани од страна на експерти во областа на безбедноста и здравјето при работа.

ПРОГРАМА

 I СЕСИЈА     

  • Нормативно уредување за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложување на хемиски супстанци;

Предавач: доц. д-р Марија Хаџи-Николова, професор од Универзитет „Гоце Делчев“- Штип

II СЕСИЈА     

  • Идентитет на супстанцата, гранична вредност и ниво на изложеност, физички и хемиски податоци, извори и ниво на професионална изложеност. Начин на мерење и превентивни мерки за заштита од хемиски штетности (намалување или отстранување на ризиците);

Предавач: проф.д-р Дејан Мираковски, професор од Универзитет „Гоце Делчев”- Штип

III СЕСИЈА  

  • Следење на здравствената состојба на вработените кои се изложени на хемиски штетности;

Предавач: д-р Драган Мијаковски, Институтот за медицина на трудот на РМ, Колаборативен центар на СЗО.

IV СЕСИЈА   

  • Насоки во избор на соодветна лична заштитна опрема при работа со хемиски штетности;

Предавач: Претставник на компанија за лична заштитна опрема.

V Дискусија

Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

– работен материјал;

– ручек и освежување;

– сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 13 април 2017 година.

Во прилог:
Агенда и
Агенда
Пријавен лист

Posted in Новости, Обуки.