6 април – Светски ден на здравјето

Институтот за медицина на трудот на Република Македонија, кој е колаборативен центар на СЗО, секоја година традиционално го одбележува Светскиот ден на здравјето, кој оваа година е посветен на депресијата.

Проф. д-р Јованка Караџинска-Бислимовса, раководител на Колаборативниот центар на СЗО за медицина на трудот го отвори настанот истакнувајќи ја потребата за разговор за се почестата појава-депресија. Во Македонија, во последните 10 години, повеќе од 200 000 илјади луѓе боледуваат од оваа болест, односно секоја петта жена и секој десетти маж. Најчесто тоа е возрасна категорија од 30-50 години.

Д-р Драган Мијакоски, говореше за депресијата и нејзините реперкусии на работното место. Имено, кога личноста е под депресија, се намалува нејзината мотивираност, вклученоста во работниот процес, се појавуваат когнитивни проблеми кои водат до појава на презентизам- работникот е присутен на работното место, но не ја извршува квалитетно работата.

Потребно е чести разговори со колегите во насока на креирање безбедни и здрави работни места, но исто така и стручна помош од докторите специјалисти по медицина на труд.

Hits: 9

Posted in Новости.