Повреден тракторист, изгубил контрола и се превртел во реката

Вчеравечер околу 19 часот во близина на струшкото село Ложани, додека С.Ќ. (20) од с.Ложани работел со трактор на пат покрај реката „Црн Дрим”, во еден момент изгубил контрола над тракторот по што се превртел во реката.

С.Ќ. бил пренесен во Медицински центар Струга, а од таму поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од струшката полиција.

Извор: http://www.mkd.mk/crna-hronika/povreden-traktorist-izgubil-kontrola-i-se-prevrtel-vo-rekata

Posted in Несреќи при работа.