Покана за Регионален семинар 2017 „Микроклима на работното место и работа на отворено во услови на високи температури“

Со цел за унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зго лемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедност и здравје при работа, воедно анализирајќи ги проблемите при работа на отворено во услови на високи температури Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), како единствен колаборативен центар на МОТ во Македонија и како Focal Point за Европската агенција за безбедност и здравје при работа, со подршка на канцеларијата на ДИТ во Битола, инспектор за БЗР Петраки Поп Андоновски, организира регионален (Регион на Пелагонија) семинар за безбедност и здравје при работа наменет за сите чинители од областа на бзр. Семинарот ќе се одржи на 18 и 19 мај 2017г., х.Капри, Битола.
Темите кои ќе бидат опфатени на овој семинар се:

1. Микроклима на работното место и работа на отворено:

2. Работа на отворено во услови на високи теператури – топлотни бранови:

3. Мерки и препораки во зависност од микроклиматските услови за работа:

Презентери на семинарот:
1. Петраки Поп Андоновски, советник за БЗР во ДИТ Битола
2. Проф.д‐р Јованка Караџинска Бислимовска, Институт по медицина на труд
3. Предраг Зариќ – ГП Пелистер, стручно лице

За сите заинтересирани субјекти предвидени се два типа на котизација:
Тип 1. Котизација од 6180,00 денари по лице, присуство на дводневниот семинар без вклучено ноќевање (присуство на семинарот, материјали за присутните, кафе пауза и ручек за време на предавањата и сертификат за присуство).
Тип 2. Kотизација од 8340,00денари по лице, доколку се користи комплет пакет на услуга од организаторите (пакетот опфаќа едно ноќевање, на база полн пансион, кафе паузи и
материјали од семинарот, сертификат за присуство).
Согласно доделеното одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа со број 08‐3608/34 од 15.09.2015 година од страна
на Министерството за труд и социјална политика и согласно новиот Правилник за начин и бодување на активно и пасивно учество во обуки за стручно усовршување на стручните
лица за бр, овој семинар се бодува со 10 бодови по ден за секое стручно лице кое ќе ја посети обуката.
Поради резервација на места, Ве молиме Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 12 мај 2017 г., на електронската пријава  или на контакт мејл: training@mzzpr.org.mk
За дополнителни информации контактирајте на тел: 02 /2774 ‐ 868 или 071/361‐188.

Покана за обука- Микроклима(1)

Visits: 126

Posted in Новости, Обуки.