Пожар во куќарка на Фершпед, еден работник повреден

Пожар во куќарка на Фершпед, еден работник повреден

 Вчера во 6.45 часот во ЕИК Скопје било добиено известување дека кај стар автопазар, на терминалот на „Фершпед” била опожарена куќарка која служела како соблекувална за вработените на „Фершпед”.

Во пожарот била опожарена кровната конструкција, а биле зафатени и две возила, камион форд, со скопски регистарски ознаки и автомобил рено, со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирмата „Алпик Дооел“.

Пожарот највероватно бил предизвикан од неисправна инсталација. Дел од вработените додека се пресоблекувале слушнале експлозија во помошната просторија, каде чувале косилки и бензин.

Вработениот Ќ.Ш.(54) од Скопје се здобил со изгореница од втор степен и истиот е примен на лекување на Клиниката за пластична хирургија. Увид  на местото на настанот извршила увидна екипа на скопската полиција.

Извор:http://www.mkd.mk/crna-hronika/pozhar-vo-kukjarka-na-fershped-eden-rabotnik-povreden

Visits: 88

Posted in Несреќи при работа.