Тетовски адвокат е повреден откако бил нападнат во својата адвокатска канцеларија.

Тетовски адвокат е повреден откако бил нападнат во својата адвокатска канцеларија.

Нападнатиот Б.С. (51) од с.Пирок, настанот во тетовската полиција го пријавил вчера. Тој пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот, додека работел во неговата адвокатска канцеларија бул. „Илинденска“ во Тетово, во канцеларијата влегол В. А. (72) од с.Бродец, тетовско, со кој пријавителот се познавал, и почнал да му се заканува. Во еден момент извадил нож и замавнал кон Б.С. и му нанел расекотина во пределот на левата рака. Б.С. го извадил столчето на кое седел со намера да му оневозможи на В.А. да му се приближи. Кога го пуштил столчето со цел да избега од канцеларијата, В.А. го фатил истото и му задал удар во пределот на десното рамо. Б.С. успеал да излезе од канцеларијата, а В.А. продолжил да го брка држејќи го ножот во рака. Б

.С., исплашен за својот живот, влегол во судот кај судскиот полицаец и побарал помош. За тоа време В.А дошол пред судот каде што бил приведен од полициски службеници. После тоа Б.С. се упатил во Клиничка болница Тетово каде му била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: http://republika.mk/763519

Posted in Несреќи при работа.