Тешка сообраќајка на влезот на Велес, загина 23-годишно момче

Тешка сообраќајка на влезот на Велес, загина 23-годишно момче

Дваесет и тригодишно момче од Кавадарци загина утрово во сообраќајна несреќа на влезот на Велес, кога неговиот камион се извртел на патот, а кабината сопрела на работ на провалија. Момчето немало среќа.
Му се отворила вратата и паднал во провалијата. Веднаш бил пренесен во велешката болница. Таму пак утрово тешко се доаѓаше до официјални информации во врска со починатото момче. Иако болницата има портпарол, изјава за новинарите немаше. Лекарот кој го примил починатиот возач, вели дека се обидувале да го реанимираат, но повредите биле фатални.

Од полицијата информираат дека утрово околу 7 часот товарно возило марка Сканиа сопственост на кавадаречка фирма, на источниот влез во Велес, на околу 250 метри пред старата бензинска пумпа на Макпетрол изгубило контрола и излегло надвор од патот, кон провалијата и застанало над амбисот. Даесет и тригодишниот возач Ј.Р. од Кавадарци излетал од кабината во провалијата, при што се здобил со повреди од кои починал.

Извор: http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=9A0BEB98BBA8DB4484ED98F0479CE1C2

Posted in Несреќи при работа.