Повреден полицаец што фатил крадец на дело

Повреден полицаец што фатил крадец на дело | МКД.мк

Според полицијата во 20.50 часот во Прилеп, на ул. „Марксова“, полициски службеник од прилепската полиција, кој бил на должност, забележал две лица како вршат кражба на алумулатор, по што тргнал кон нив.

Еден од сторителите, Р.Р. (42) од Прилеп, забележал дека им се приближил полицискиот службеник и со нож замавнал кон него, нанесувајќи му расекотина во пределот на десната дланка, по што побегнал.

По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле и привеле Р.Р. и неговиот 16-годишен син.

Повредениот полициски службеник е пренесен и задржан во Општа болница Прилеп,  каде му е констатирана телесна повреда.

Полиицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: http://www.mkd.mk/crna-hronika/povreden-policaec-shto-fatil-kradec-na-delo

Posted in Несреќи при работа.