Oдржана еднодневна обука – ПРИСТАП ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД ХЕМИСКИ СУПСТАНЦИИ

На 19.04.2017 во Стопанска комора на Македонија беше одржана еднодневна обука-ПРИСТАП ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИ ОД  ХЕМИСКИ СУПСТАНЦИИ  (Намалување на ризици од влијанието на хемиски супстанции во работната средина). Доц. д-р Марија Хаџи-Николова, професор од Универзитет „Гоце Делчев“- Штип имаше предавање за нормативното уредување за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложување на хемиски супстанци. За идентитет на супстанцата, гранична вредност и ниво на изложеност, физички и хемиски податоци, извори и ниво на професионална изложеност, начин на мерење и превентивни мерки за заштита од хемиски штетности (намалување или отстранување на ризиците) излагање имаше  проф.д-р Дејан Мираковски, професор од Универзитет „Гоце Делчев”- Штип. Следењето на здравствената состојба на вработените кои се изложени на хемиски штетности го дефинираше д-р Драган Мијакоски, Институтот за медицина на трудот на РМ, Колаборативен центар на СЗО.

Претставник од компанијата Дворник, даде насоки за избор на соодветна лична заштитна опрема при работа со хемиски штетности, со давање информации и препораки.

Помеѓу учесниците се поттикна интеракција, а после завршувањето на обуката сметаа дека усвоените знаења и вештини ќе можат да ги имплементираат во секојдневната пракса.

Posted in Новости, Обуки.