Петмина припадници на АРМ повредени во сообраќајна несреќа

Оклопениот транспортер на АРМ се судрил откако му откажале сопирачките – 5 војници повредени

Основното јавно обвинителство – Скопје соопшти детали за вчерашната сообраќајка  кај наплатната рампа Сопот, во која се судриле три воени возила и биле повредени пет војници.

Според јавниот обвинител што извршил увид, несреќата се случила кај наплатната рампа на автопатот Скопје – Велес, кога на еден од оклопните транспортери во колоната возила на АРМ му откажале сопирачките, па удрил во оклопен транспортер пред него, кој бил застанат. Тој транспортер удрил во друго возило, „ленд ровер дефендер“.

Во верижниот судар се повредени еден офицер и четворица војници на АРМ, на кои помош им била дадена во Општата болница во Велес.

Според извештајот на јавното обвинителство, причинета е незначителна материјална штета, а дежурниот јавен обвинител издал наредба за вонреден технички преглед на моторните возила што учествувале во несреќата.

Posted in Несреќи при работа.