11- 13 мај Регионален семинар за Безбедност и здравје при работа – Моклиште 2017

Почитувани,

Со цел за унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедност и здравје при работа, воедно анализирајќи ги проблемите во индустријата и следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за безбедност и здравје при работа, Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), како единствен колаборативен центар на Меѓународната организација на трудот ( МОТ) во Македонија и како Focal Point за Европската агенција за безбедност и здравје при работа, со подршка на канцеларијата на Државниот инспектор за труд во Кавадарци, инспектор за БЗР Мико Василев, организира регионален семинар за безбедност и здравје при работа наменет за сите чинители од областа на бзр кои работат и делуваат во компании регистрирани во Тиквешкиот регион на Македонија (Кавадарци и Неготино).

Семинарот ќе се одржи во месноста Моклиште, лоцирано на 6 километри југоисточно од Кавадарци, во непосредна близина на селото Ваташа, во период од 11 до 13 мај 2017 година.

Поради резервација на места,  потврдите го  Вашето присуство најдоцна до 2 мај 2017г., на електронската пријава или на контакт меил training@mzzpr.org.mk

Покана за семинар-Моклиште 2017

Posted in Новости, Обуки.