Пијан прилепчанец дивеел среде улица – повреден полицаец

Пијан прилепчанец дивеел среде улица – повреден полицаец | Press24

Околу 21 часот синоќа на магистралниот пат Битола–Прилеп во кругот на бензинска пумпа при вршење на увид на сообраќајна незгода помеѓу две возила и скутер, полицаец од СВР Битола при обид да го легитимира возачот на моторциклот кој бил пијан, го подигнал седиштето од моторциклот и од багажниот простор извадил стаклено пивско шише и почнал да конзумира пијалок. По предупредувањето од полицијата да престане со конзумација бидејќи е учесник во сообраќајна незгода, возачот почнал да упатува погрдни зборови и да го навредува и се обидел со шишето да го удри полицискиот службеник кој успеал да го одбегне ударот по што го фатил за рака, но тој продолжил со нападот врз истиот.

Полицискиот службеник успеал да го совлада и задржи до доаѓањето на други полициски службеници, по што бил приведен во Полиција.

Утврдено било дека се работи за 32-годишниот П.Н. од Прилеп. Од нападот полицаецот се здобил со телесни повреди и тоа набиеници на десен лакт и десно колено, констатирани во Клиниката во Битола. По целосно расчистување и документирање на настанот, против П.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

http://press24.mk/pijan-prilepchanec-diveel-srede-ulica-povreden-policaec

Posted in Несреќи при работа.