Изгубил контрола и паднал во провалија, повреден тракторист

07,05,2016 19:40 часот во скопското село Усје кај месноста „Ограда”, на земјен пат, случена е сообраќајна незгода во која е повреден Д.А.(38) од Скопје.

Д.А. управувајќи трактор ИМП 560, изгубил контрола над движењето на тракторот и со истиот излегол од патот и паднал во провалија. Од незгодата, Д.А.се здобил со тешки телесни повреди. Истиот бил задржан на лекување во Одделенито за КАРИЛ. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Posted in Несреќи при работа.