Повредени двајца градежни работници во два одвоени случаи

Вчера во 10.58 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека во Ургентен центар Скопје бил донесен повреден П.Ј. (51) од Скопје.

51-годишниот П.Ј. работел на објект во изградба на ул. „Рузвелтова“. Истиот паднал од висина и се здобил со тешки телесни повреди.

Додека во 15.50 часот во ЕИК Скопје, Б.Н пријавил дека на бул. „Никола Карев“, во објект во изградба, С.Б. (22) од Генерал Јанковиќ-Косово паднал од висина.

С.Б. со Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случаите.

Извор: http://www.mkd.mk/crna-hronika/povredeni-dvajca-gradezhni-rabotnici

Posted in Несреќи при работа.