Регионален семинар во Моклиште, Кавадарци. 11-13. 05 2017

Од 11.05 до 13.05.2017 год. беше организиран регионален семинар во Моклиште, Кавадарци. Во фокусот на вниманието беше практичната примена на законската регулатива за безбедност и здравје при работа. Учесници на обуката беа стручни лица по безбедност при работа, вработени со тенденција набрзо да станат стручни лица, управители на компании, како и вработени кои прв пат се запознаваат со терминот за безбедност и здравје при работа.

Беа опфатени повеќе теми за: Имплементација на Законот за безбедност и здравје при работа-изготвување и спроведување на изјава за безбедност на секое работно место, испитување на работната средина во индустријата во летен период, препознавање и известување избегнати несреќи при работа, Обука за безбедност и здравје при работа врз основа на сопствена програма (со акцент на лица со инвалидитет) испитување на работна опрема  во индустријата согласно Законот за безбедност и здравје при работа, и за здравствени прегледи на вработените кои се вршат од страна на овластени здравствени установи од областа на медицина на трудот.

Во текот на трите дена одржување на семинарот имаше проактивност од страна на учесниците, поставуваа прашања за сите нејаснотии, како и споделуваа и искуства од нивното работење во оваа област.

Visits: 128

Posted in Видео, Новости, Обуки.