28. 06. 2017 АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

 

ПОКАНА 

Еднодневен семинар:

АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА

И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

28 јуни 2017 година

10:00 – 16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Резултатите на досегашните светски и домашни студии укажуваат дека проблемот со психосоцијалните штетности кај работниците е присутен во различни земји, упатувајќи на глобалните димензии на ова прашање и на неговите автохтони, национални карактеристики. Појавата на синдромот на согорување е евидентна и во Република Македонија.

Следејќи ги актуелните проблеми од областа на безбедност и здравје при работа,  Стопанската комора на Македонија  во соработка со Македонското здружение за заштита при работа на 1 јуни 2017 година организира еднодневен семинар на тема: „Анализа на стерсогените фактори поврзани со работата и синдримот на согорување и планирање и имплементација на организациски интервенции“, со цел информирање на сите чинители од областа на безбедноста и здравјето при работа за основните принципи на примарната превенција како оптимален пристап во заштита и унапредувањето на здравјето на работниците.

Целта на овој семинар е дефинирање на психолошките аспекти кои влијаат на работното место, навремено идентификување на мобинг и стрес на работното место и преземање активности за намалување на штетните здравствени ефекти кои се ефектуираат кај вработените и кои влијаат на намалување на нивната продуктивност. Досегашните податоци за факторите коишто влијаат на појавата на синдромот на согорување кај испитуваните работници, како и податоците за можните несакани ефекти од синдромот на согорување врз здравјето на работниците претставува солидна основа во креирањето на стратегија за превенција на синдромот на согорување и унапредување на здравјето и безбедноста на работното место.

ПРОГРАМА

  • Психолошки аспекти на работата;
  • Мобинг на работното место;
  • Стрес поврзан со работата и синдром на согорување;
  • Методологија за анализа на стресогените фактори поврзани со работата и синдромот на согорување;
  • Планирање и имплементација на организациски интервенции преку примена на акциско истражување – теоретска рамка;
  • Планирање и имплементација на организациски интервенции преку примена на акциско истражување – работа во групи;
  • Работа во групи според доделени улоги.

Предавачи:

  • проф. д-р Јованка Караџинска – Бислимовска, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО;
  • проф. д-р Јордан Минов, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО;
  • науч. сор. д-р Драган Мијакоски, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО;
  • науч. сор. д-р Сашо Столески, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО.

 Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 23 мај 2017 година.

Во прилог:  Пријавен лист и Агенда.

Агенда

Пријавен лист

Posted in Новости, Обуки.