Повреден машиновозач кај скопско Кондово

Скопјанецот е повреден кога деца фрлиле камења кон локомотивата, при што го скршиле челното стакло.

Синоќа во близина на скопско Кондово, вандали го каменувале возот кој сообраќал на релација Скопје-Кичево. Еден камен го скршил челното стакло од локомотивата кое го повредило машиновозач Ј.Д.(37) од скопско Пакошево. На машиновозачот му е укажана лекарска помош, а полицијата започнала потрага по насилниците.

Извор: http://plusinfo.mk/vest/115639/povreden-mashinovozac-kaj-skopsko-kondovo

Posted in Несреќи при работа.