Работилница за Националниот и локалните економски-социјални совети

На 23-ти март 2017 година во Радовиш се одржа работилница на тема безбедност и здравје при работа во организација на Меѓународната организација на трудот во склоп на проектот за Унапредување на социјалниот дијалог, a реализирана од МЗЗПР, преку проектниот менаџер г-дин Милан Петковски, г-ѓа Славица Јанкова, г-ѓа Снежана Јанкова Петковска и ѓ-ѓа Марија Гроздановска. Работилницата имаше теоретски и интерактивен дел, проследен со кратки видео инсерти, кои дадоа јасна порака за подигнување на свеста во областа на безбедноста и здравјето при работа, градење на превентивна култура и создавање на безбедна и здрава работна средина.

Цели на обуката беа:

– Да се прошири знаењето и свеста на учесниците за основите за безбедноста и здравјето при работа

– Да се постигне подобрување на социјалниот дијалог за безбедност и здравје при работа со користење на алатки за комуникација помеѓу организациите на граѓанското општество и локалните социјално-економски совети.

Учесниците на оваа работилница беа запознаени со статистиката на несреќи при работа и повреди во Македонија, практични начини во насока на спроведување на законот, економичност, бенефиции, алатки и упатства за спроведување на законските одредби и прописи за безбедност и здравје при работа.

Во текот на работилницата, врз основа на сопствените искуства, учесниците поставуваа важни прашања за БЗР, за подрачјата во кои тие би вложиле напор за промена во нивното работење.

Исто така, проектниот менаџер, г-дин Милан Петковски ја презентираше визијата како и идните планови во рамки на проектот.

Hits: 0

Posted in Новости.