Оглас за пројавување интерес за презентер – стручно лице, за обука од областа на градежништвото „Привремени и мобилни градилишта“

Почитувани,

Македонско здружение за заштита при работа како организатор на обуките за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа (овластување бр.08-3608/4) објавува

Оглас за пројавување интерес за презентер – стручно лице, за обука од областа на градежништвото „Привремени и мобилни градилишта“

Според наведената тема од презентерот се очекува да биде опфатено:

  • Организирање и управување со БЗР на градилиште, опасности и штетности, мерки за намалување на ризиците, студија на случај, работни вежби.
  • Слобода на презентерот да опфати прашања во наведената област од сопствено искуство.

Услови:

  • Предност имаат членовите на Македонско здружение за заштита при работа (индивидуални или членство на компанијата каде се вработени);
  • Искуство во наведената област;
  • Искуство во презентирање, оддржување на обуки.

Сите заинтересирани кандидати треба да достават кратко професионално CV.

Рок за пријавување најдоцна до 19 јуни 2017г до 15 часот на електронската пошта training@mzzpr.org.mk

Презентерот на обуката ќе се стекне со 20 бода, за активно учество како презентер на обуката во земјата според Правилникот за начинот на бодување на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување.

Со почит,

Македонско здружение за заштита при работа

Posted in Новости, Огласи and tagged , .