Повреден возач на комбе во Струга

Повреден возач на комбе во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудије при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Ц.(29) од струшкото село Долна Белица.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 20-ти овој месец во 14 часот и 15 минути на автобуска постојка на улицата „15 корпус“ во Струга. Тука, тој пристапил кон патничко комбе кое сообраќало на редовната линија Лабуништа –Струга, од кое, во моментот се симнувале патници и со тупаница, во пределот на главата го удрил возачот на патничкото комбе, Н.Ф. (34) од Лабуништа, нанесувајќи му телесна повреда на лево око. Веднаш потоа, пријавениот, од продавница во непосредна близина на постојката, одзел кујнски нож по што повторно се упатил кон патничкото комбе. Притоа, агресивниот М.Ц. забележал униформиран полициски службеник кој се движел кон комбето и го фрлил ножот зад себе. М.Ц. веднаш е приведен, ножот подигнат и одземен а повредениот Н.Ф. пренесен во општата болница во Струга.

Извор: http://www.webohrid.com/2017/06/25/povreden-vozac-na-kombe-vo-struga/

Posted in Несреќи при работа.