Повик за пријавување на интерес за учество на работилница

Македонското здружение за заштита при работа, како Focal Point на Европската Агенција за безбедност и здравје при работа објавува:

Повик за пријавување на интерес за учество на работилница на тема: Болести поврзани со работата – политика и пракса за рехабилитација и враќање на работа по лекувањето од рак.

Работилницата е во рамки на тригодишен проект кој го спроведува Коронел Институтот за професионално здравје при Академскиот медицински центар во Амстердам, во соработка со Финскиот институт за професионално здравје.

Целта е да се презентираат и дискутираат постојните политики, системи, програми или инструменти во врска со враќање на работа по лекувањето рак, како и за пречките при нивно спроведување. Исходот од работилницата ќе биде вклучен во финалниот извештај на овој проект, со цел понатамошни препораки за имплементација и употреба на инструменти и практики за подобрување на рехабилитацијата и враќање на работниците лекувани од рак.

Средбата е предвидена да започне на 05 октомври во 2017, со почеток во 9 часот, во Брисел, со презентации од истражувачите вклучени во истражувачкиот проект. Присутните ќе имаат можност да споделат свои искуства, да коментираат за нацрт-извештајот на Европската агенција за безбедност и здравје при работа итн. Предлог-извештајот и резимето ќе бидат испратени однапред до учесниците, најмалку две недели пред работилницата.

Услови за избор на учесник на работилницата:

– Предност имаат професионалци од областа

– Искуство во областа  на безбедност и здравје при работа

– Интерес за конректната тема

– Добро владеење на англискиот јазик

Во прилог доставете ваше CV на следнава електронска пошта kontakt@mzzpr.org.mk

Рокот за пријавување е најдоцна до 14.07.2016 до 16:30 часот,

Контакт телефон 02/2774 868

Со почит,
Македонско здружение за заштита при работа

Visits: 118

Posted in Новости, Огласи.