Тројца работници повредени при пад од скеле

На 30.06.2017 година во 09,30 часот во ЕИК-Скопје, пријавено било дека во ГОБ„8-ми Септември“ биле донесени повредени лицата: Б.С. (34) од с.Табановце-кумановско, С.В. (48) од с.Биљановце-кумановско и З.К. (45) од с.Чашка-велешко, вработени како работници во фирмата „Синтек-Инжинеринг“ДООЕЛ-Скопје, кои околу 08,00 часот на автопатот Скопје-Куманово, поточно кај клучката во с.Миладиновци, додека биле качени на монтажно скеле на висина од околу 5-6 метри и изведувале градежни работи, една од жабките од скелето се откачила, по што истото се растурило и тие паднале.
Од падот Б.С се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на пршлен од р`бетен столб и повеќе рани на главата и лицето), додека со телесни повреди се здобиле С.В. (рани на темето на главата и набиеници по целото тело) и З.К. (набиеница под десното колено и набиеница на карлицата). По укажаната лекарска помош З.К. бил пуштен на домашно лекување, а Б.С. и С.В. се задржани на понатамошно лекување.

Visits: 69

Posted in Несреќи при работа.