ТРЕТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

 

ТРЕТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

„Oвогодинешното мото „Градење на БЗР во 21-от век” ја претставува нашата професионална континуирана заложба за постојано учење и менување на превентивната култура. Култура, која треба да биде изграденa индивидуално од секој од нас и да биде применлива за секого.
Нашата цел е да ги собереме сите на едно место од нашиот регион и пошироко, кои имаат одговорност за животот и здравјето на луѓето во работниот процес. Со размена на искуства, имаме за цел да ги добиеме најдобрите решенија кои ќе бидат финансиски прифатливи, технички оптимални и долгорочни одржливи и ефикасни.
Градењето е една од најраспространетите полиња во индустријата на Црна Гора и навистина би сакале да ја истакнеме. Затоа, за нас е многу важно да го споделите Вашето искуство.
Со организирање на вакви конференции, меѓусебно се потсетуваме на мисијата во нашата работа, како и фактот дека сме во служба на безбедност и здравје при работа“ – порачаа колегите од Здружение за заштита при работа на Црна Гора.
За таа цел, Македонското здружение за заштита при работа Ве известува дека ќе организира заедничка посета на сите заинтересирани од Македонија за присуство на ТРЕТАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА која ќе се одржи во хотел “Mediteran“ Будва, Црна Гора во период од 26-28.10.2017 во склоп на одбележување на Европската недела за безбедност при работа.

ПОКАНА

 

Posted in Новости, Огласи.