Превртен полициски автомобил на патот Штип-Радовиш- повредени четворица полицајци

Вчера, околу 15 часот и 10 минути , на магистралниот пат Штип-Радовиш, пред село Чифлик,  се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Ландровер“, сопственост на МВР-ЕБР, управувано од 37 годишен полициски службеник, излетало од коловозот и се превртело.

По незгодата, возачот и тројца сопатници се пренесени во Медицински центар Штип, каде на едно лице му се констатирани тешки телесни повреди и е препратен на понатамошно лекување во Клинички Центар Скопје, кај возачот и едниот сопатник констатирани им се телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување додека третиот сопатник по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Штип.

За настанот известен е Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди.

Извор: http://press24.mk/prevrten-policiski-avtomobil-na-patot-shtip-radovish-povredeni-chetvorica-policajci

Posted in Несреќи при работа.