Тешко повреден градежен работник

Градежен работник паднал и тешко се повредил додека работел на изградба на куќа во Черкеско село.

Несреќата се случила вчера околу 9 часот, кога М.М.(20) од липковското село Оризаре, при извршување на градежни работи паднал.

По укажаната медицинска помош во болницата во Куманово, поради сериозноста на повредите со возило на итна помош е пренесен во Ургентниот центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Извор: http://www.kumanovonews.com/vesti/tesko-povreden-gradezen-rabotnik

Posted in Несреќи при работа.