Повреден работник во рудникот „Булмак“

Работник во рудникот за олово и цинк „Булмак“ во Злетово вчера се повредил при извршување работни задачи.

Министерството за внатрешни работи информира дека несреќата се случила вчера околу 10 часот.

Повредениот Д.С. (43) од Пробиштип со со болничко возило сопственост на рудникот бил пренесен во Здравствен дом Пробиштип, од каде по укажаната лекарска помош бил пренесен во Клинички центар Штип.

Поради карактерот на повредите, со возило на Итна медицинска помош, бил пренесен и задржан во Клинички центар Скопје. За карактерот на повредите, дежурниот лекар дополнително ќе се произнесе. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

http://kurir.mk/makedonija/hronika/povreden-rabotnik-vo-rudnikot-bulmak/

Posted in Несреќи при работа.